Линеарно и мрежесто

/, Галерија, Блесок бр. 92/Линеарно и мрежесто

Линеарно и мрежесто

#1 …Во творештво што го познавам на Ладислав Цветковски мислам дека станува збор за два сегменти: линеарното, ракописот на зголемениот знак како порака, и мрежесто, повеќезнаковното ткаење на потката од која ги извлекува, појавува… трагите – дланките, тактилното, чувствителното во сета геометриска прецизност и знаковност што ги почитува, но и ги преиначува правилата за постоење на точка – таа станува патепис…

Секако, може да се направи мала дистинкција меѓу предложените дела со тоа што „опционите“ графики одат кон една попластична, условно подекоративна, колористички позвучна игра, додека останатите одат кон поинтензивна знаковност на грижливо градена дигитална конструкција, на осмислено мултиплицирање на фрагменти, одбегнувајќи ја единствената визура на геометриската перспектива, туку се обидува да даде еден можен, личен поглед врз кондензираната стварност.

#2 Покрај сета уреденост на композициите, Ладислав Цветковски решавањето на оваа геометриска проблематика не ја поставува како цел сама по себе, туку само ја ползува како средство.

Тивко и ненаметливо, често цинично, низ ликовно разубавениот свет, ги бележи фрагментите на опачината и на аномалиите на времето во кое што живееме.

2018-08-21T17:20:47+00:00 ноември 3rd, 2013|Categories: Осврти, Галерија, Блесок бр. 92|