Траги и сеќавања

Траги и сеќавања

Галерија Кунихан во Бранзвик
Мелбурн Австралија

13 ноември – 12 декември, 2021

Дарко Алексовски, Сашо Станојковиќ, Марјан Стојковски и Виолета Чаповска

Кураторка: проф. др. Сузана Милевска

Изложбата Траги и сеќавања опфаќа различни уметнички позиции кои поставуваат тешки прашања за различните видливи траги од минатото и за невидливите лични и колективни сеќавања. Додека трагите обично се сметаат за визуелни остатоци и последици од одредени минати дејства или предмети во сегашноста, сеќавањата воспоставуваат когнитивни односи помеѓу минатото и сегашноста. Преносот на споделените спомени меѓу генерациите ни помага да ги утврдиме значењата на одредени настани од минатото, дури и ако не сме ги доживеале. Поканетите уметници се осврнуваат на различни повеќеслојни спомени кои постојано се превреднуваат бидејќи нишките меѓу материјалните и мнемониските траги се испреплетуваат и постепено се заматуваат од мовта на преостанатите фрагменти. Изложените дела ги разгледуваат начините на кои се испреплетуваат сеќавањата на личните и историските настани и ги преисптуваат начините на кои личните наративи ги инкорпорираат остатоците од општествено-политичките турбуленции и долготрајните општествени промени.

Изложбата се разви во контекстот на современите критички дискусии околу неколку актуелни теми како што се личните и колективните мемории, природното и културното наследство, историските и општествените промени, културните идентитети и разлики, и сл. Авторите ќе ги презентират дела изведени во различни медиуми: графики, фотографии, објектни и видео инсталации, како и партиципативни проекти.

https://www.moreland.vic.gov.au/…/wha…/traces–memories

2022-01-04T17:30:40+00:00 јануари 3rd, 2022|Categories: Изложба, Галерија, Блесок бр. 141|