Дејвид Линч: Мајстор на филмската мистерија

/, Галерија, Блесок бр. 25/Дејвид Линч: Мајстор на филмската мистерија

Дејвид Линч: Мајстор на филмската мистерија

#5 Линч започнува да работи на сценариото за својот прв долгометражен проект “Eraserhead” во 1971 година. Следната година започнува со снимање на филмот што својата премиера ќе ја доживее дури по пет години, на 19 март 1977 во Filmex L.A. Култна црно-бела психоза: “Bexevi I saw Eraserhead”. „Надреалистички кошмар произлезен од личните стравови на режисерот од татковството“ (повторно АМГ). Филм за кој Стенли Кјубрик, наводно, изјавил дека би сакал да можеше да го направи. На овој проект Линч ја започнува соработката со снимателот Фредерик Елмс, звучниот дизајнер Алан Сплет и актерот Џек Ненс, негови редовни соработници и во иднина.
#6 Во 1978 година потпишува договор со Мел Брукс и Brooksfilm и започнува да го подготвува „Човекот-слон“, потресна приказна за Џон Мерик, човек болен од ретка и исклучително тешка деформација на кожата. Оваа тегобна приказна поместена во викторијанскиот период на Линч му ја носи првата номинација за оскар за најдобар режисер, а филмот заработува уште 7 оскаровски номинации.
#3 Следен проект на Дејвид Линч е контроверзната кинематографска адаптација на научнофантастичната епика на Френк Херберт, „Дина“, филм работен под продуцентската палка на Дино де Лаурентис одговорен и за продукцијата на „Барбарела“ и „Флаш Гордон“. Токму таква силно стилизирана атмосфера провејува и во овој филм, кој сигурно не е за сечиј вкус (дури и самиот Линч се има повлечено од проектот по неговото премонтирање), но визуелната екстраваганција на „Дина“, сепак, е потребна лектира за сите љубители на Линчовите визии и воопшто на научната фантастика. И уште нешто: стартува соработката со Кајл Меклахлан, „неговото кинематографско алтерего“. По комерцијалниот и критички неуспех со „Дина“, Линч се враќа на голема врата во 1986 со „Синиот сомот“, снимен повторно за Лаурентисовата продукција, но овој пат за значително помал буџет.

АвторЈане Алтипармаков
2018-08-21T17:21:51+00:00 март 1st, 2002|Categories: Осврти, Галерија, Блесок бр. 25|