Поезија – Д. А. Лори

/, Литература, Блесок бр. 149/Поезија – Д. А. Лори

Поезија – Д. А. Лори

Еден живот, една смрт
Ќе го чувам телото
Си молчам


Ќе го чувам телото

Ќе се борам за твоето тело,
за животот во него,
пулсот и крвта кои боботат во него.
Ќе ги стегнам дланкиве околу твојот врат
дур ти се доближувам и гледам в очи,
сета топлина ќе ја пренесам,

од мене до тебе, и назад, во круг.

Ќе го покријам моето тело со твоето,
од допирот мост ќе правиме,

од кај мене до кај тебе, и назад, во круг.

Ќе се наслушуваме дали доаѓаме,
залепени за патот, каде сенешто поминува,
светот ќе биде небитно, замаглено парче реалност
дур го одмарам образов врз твоето лице.

Ќе ме стегне солза
ќе ми стегнеш рака
ќе ми заминеш
па ќе ми се вратиш…
Од сѐ што умеат нашите тела,
најубаво е што можат да бидат заедно.

АвторД.А. Лори
2023-03-17T05:14:04+00:00 февруари 22nd, 2023|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 149|