Го најдов патот и ќе продолжам по него

/, Театар/Филм, Блесок бр. 44/Го најдов патот и ќе продолжам по него

Го најдов патот и ќе продолжам по него

#3Говорите за квантитет, што е со квалитетот, и што од тие десет претстави мислите дека е добра театарска претстава?
Еве: Кон себеси никој не може да каже дека не е претстава која ги има сите квалитети. Потоа Дервишот и смртта ги има сите квалитети, Соседи е исто претстава со сите квалитети, Училиште за модерни жени – ако не е на врвот, ја има средината која за мене е битна во театарот.

Меѓутоа, не само тие туку и други претстави освен на премиерата на секоја следна се прикажуваат пред сосема мал број на гледачи. Дали публиката не знае што е добар театар?
Не, ќе повторам: ако за 15 месеци успеав да реализирам толку претстави, јас успеав да го зголемам и бројот на гледачите во театарот. Со ова сакам да кажам дека нема вистински менаџери кои ќе мислат и за публиката која е главниот чинител на театарот. Во мојот театар сега не се играат претстави.
Па и тие што јас ги реализирав и имаа и по 20 и 25 репризи за една година не се играат, не се на репертоар. Можеби има финансиски проблеми поради кои јас и го напуштив директорското место. Во тој театар има многу наследени долгови од порано за кои ни Министерството за култура ни некој друг немаат слух да ги покријат и да се почне од нула. Годинава Театарот бележи 55 години од своето постоење. Не мислам дека треба да се почне од нула и без никакви обрски кон поранешните соработници, но буџетот што се добива мора да се насочи кон основното – продукцијата. Мислам и дека по секоја 10 реприза треба да се направи нов договор со актерите кои работат на договор. Последен примен актер со решение за вработување во ансамблот на Албанскиот театар е примен пред 20 години. Значи, има голем ваккум покрај толку многу млади дипломирани актери Албанци кои дипломирале на ФДУ во Скопје, на Тетовскиот универзитет, па и во Тирана и Приштина. Тие се шетаат низ градов и не можат ни да пробаат да ни кажат дека заслужуваат да бидат на сцена.

#4Вие сте често со актерите, со релативно младите кои веќе стареат; дали им е урнат сонот за тоа што е актер, за она за што се образувале?
Ќе тргнам од себе. Во Стокхолм пред неколку години имав едно големо интервју за главниот дневен весник. Новинарката ме праша: по толку години работа во театарот, по толку реализирани ликови, дали сум го нашол своето место во него? Мојот договор, иако тогаш зад себе имав 29 години работа во театарот, беше: како помлад бев убеден дека јас сум најдобриот актер на светот. Сега знам дека само главата ми е на некаде на сцената и си го бара местото, а јас моето уште не сум го нашол. Што сакам да кажам! За жал, оваа млада генерација на актери кои се здобиле со актерски дипломи и кои во себе се убедени дека се актери, не знаејќи дека актерството се докажува на сцена, сигурно дека ја изгубиле надежта дека ќе станат актери.
Годините поминуваат. Првата генерација е дипломирана пред речиси една деценија и ден денес некои од нив не стигнале ни до една епизода, а за поголема улога не станува збор. Сигурно и тие во себе се убедени дека се актери, но за да ги потврдат своите квалитети некој мора да мисли и да им го овозможи она што сме должни да им го овозможиме, а тоа е ангажман. Мислам дека не е доволно само да се отвораат школи. Тие што нив ги отвораат треба да мислат и на тоа дека тие луѓе треба да се вработат, да се докажат, и дека од оваа професија мора да се живее. Во денешни услови тоа е невозможно.

#5Тоа е тешка и сложена работа?
Кога беше косовската криза, јас станав дијабетичар на нервна база. Како актер и како човек кој сака да се занимава само со својата професија, а не со глупости со кои другите пред мене го довеле театарот до оваа ситуација, јасно е дека од сите ќе е потребен голем ангажман. Впрочем, и за сè што е добро, се потребни работа и цврста идеја.

Колку може културата, заедно со театарот, да ја променат нашата свест за заедничката иднина?
Има и позитивни примери низ кои токму ние што се занимаваме со уметност сме оние кои одиме пред времето и им го покажуваме патот на другите. Се разбира, на оние кои се способни да нè следат. Меѓутоа, ние мораме да бидеме упорни, да не се враќаме назад, да одиме напред и напред. Јас сум тој што сум сакал да направам претстава, на пример, со Иван Поповски и со Слободан Унковски. Тоа се и претстави што ја или ќе ја претставуваат државата надвор од нејзините граници. Тие, пак, за мене се луѓе со кои што сум бил сигурен во она што го работам и во тоа што го работиме. Значи, ние заедно го имаме искуството дека може и треба да се работи. Другите треба да учат и да си ја менуваат свеста. Знам дека со ова не може да се смени многу, но може да се направи обид за некои луѓе да се опаметат. Со нив е најтешко зашто тоа се главно оние кои што воопшто не сакаат да се опаметат.

Па и самиот докажувате дека не може да се живее само од театарот во кој сте вработен; затоа, пак за младите – го испуштија ли тие својот воз?
За жал, тие мислат дека се во вагонот кој се наоѓа некаде. Меѓутоа, не само што го испуштиле возот за кој времето и годините одат, треба да знаат дека оваа професија бара тотален ангажман и бара континуитет без кој не можеш да ја чуваш енергијата која е потребна за сцената. За сцената е потребна голема енергија: физичка, психичка, внатрешна, надворешна.

АвторЛилјана Мазова
2018-08-21T17:21:31+00:00 септември 1st, 2005|Categories: Осврти, Театар/Филм, Блесок бр. 44|