Ништо без Трифолио

/, Театар/Филм, Блесок бр. 29/Ништо без Трифолио

Ништо без Трифолио

Лица
Прв чин, сцена 1
Прв чин, сцена 2

(Од куќата на Кантарион се слуша врева, писоци, кршења. Излегува Лавандула.)

ЛАВАНДУЛА: Што дека маж ми е милионер? Што ако е најмоќниот трговец во Лихнидос, а сега член на Сенатот во Скупи, кога е скржав како стипса. Кога ќе зграпчи некоја пара, да го маваш по рака нема да ја испушти. Тргува со ткаенини, со свила, а јас и ќерките одиме облечени како последните во градов. Не оти е умен, туку оти е стиснат го избраа во Сенатот. Времето било такво, требало да се штеди! Нам сите времиња ни се такви; само што ќе живнеме, ќе се опуштиме, стегај го ременот! Дома ни скусува, а надвор ги качува цените. Сега, за да се истакне во Сенатот, газот ќе ни фати пајажина. Соседиве изградија палати, а ние останавме на ова куќарче од десетина одаи и на оние во Скупи, во Хераклеја, Стоби. А имаме две ќерки, златни, убави, зрели за мажење!
КАНТАРИОН: Лавандула, каде си?
ЛАВАНДУЛА: Под кајсија! Еве го, маж ми, Кантарион!

АвторРусомир Богдановски
2018-08-21T17:21:46+00:00 ноември 1st, 2002|Categories: Текст, Театар/Филм, Блесок бр. 29|