Графички приказни

Графички приказни

додека дедо ми скролаше по интернет, се сети на робинзон крусо и неговиот бродолом. патот на човекот во обратна насока го виде како поголем себелом: од пуст остров кон сите-тието.

дедо ми не успеваше да го открие целосно идентитетот на ѓаволовиот ентитет.
знаеше дека е трозабно боцкало и состојка на многу формули за немир. бит на секој детал. ококорено око без желба за сон.
спие, ама не со било кого – изусти баба ми.

клуч или политикантска дисторзија.

невистината не е секогаш лага, и не дека вистината никогаш не е лага. тие се две сосетки што седат, пијат кафе и забиваат (среден) прст во талог. ако во отпечатокот на прстот не видат пат, нема пат.

АвторПеро Георгиев