Графички приказни

Графички приказни

…еден ден ќе порасне трева над секој град.

за баба ми немаше друго место. ја нурнуваше главата во себе и оставаше самата да си тоне. секој пад и даваше смисла. велеше: додека изворот блика треба да пиеме, ако пресуши, пак да го ископаме. последиците секако ќе најдат одново свои причини.

во видното поле на баба ми трепереше пејзаж.
се мушна.
самата стана пејзаж.

АвторПеро Георгиев