Графички приказни

Графички приказни

дедо ми се радуваше повеќе на моливот отколку на алтанот в џеб. го остреше и со години ги влечеше неговите линии додека ја најде вистинската. веќе немаше време – желба силна, снага ситна. рече: може ќе задоцнам на сопствениот погреб, ама бидете така, ќе стасам. 

дедо ми често се повикуваше на тезата на мис ван дер рое: less is more.
кога се работеше за природата, баба ми поставуваше своја теза: more is morе

дедо ми ги триеше очите и се обидуваше повторно да го изостри погледот. со трепките ја дробеше насобраната сол. светот во кој веруваше, го толчеше неговиот мир. лицата сЕ поматни, зборот-трн. не можеше повеќе да верува на приказните, тие беа постојано вистинити.

АвторПеро Георгиев