Извадок од романот: Чиј беше Јон (Блесок, 2018)

/, Литература, Блесок бр. 124/Извадок од романот: Чиј беше Јон (Блесок, 2018)

Извадок од романот: Чиј беше Јон (Блесок, 2018)

се помрдна, Јон не се изненади, небаре очекуваше такво нешто. Сината боја на лицето исчезна и повторно се врати претходната боја, ја почувствува и топлината на раката. Мајка ги отвори очите и со чудна леснотија се исправи на нозе. Јон и понатаму стоеше здрвен и поднаведнат, Мајка лесно го бакна неговото испотено чело. Тој само ја гледаше сиот здрвен.
– Виде? Ваква ќе станам, ама ќе бидам убава. Убава бев, нели? Леле, се изморив, ожеднев, ќе се напијам чаша вода, му рече Мајка и појде кон кујнската врата, се слушна течењето на водата од чешмата која само што беше пуштена. Се отвори влезната врата и пред Јон се појави Арса, држејќи ги своите нови чевли, по неа и Аријаниса и сопругата.
– Тато, погледни какви чевли ми купи мама, баш се „кул“, му рече Арса, покажувајќи му ги чевлите. Јон воопшто не реагираше, стоеше здрвен, слушајќи го течењето на водата во кујната. Полека седна небаре беше многу уморен. Аријаниса го забележа ова, па затоа не му ги покажа своите чевли, само го погледна. Сопругата се чини уште од ходникот го беше слушнала течењето на водата и му се обрати на Јон.
– Направи уште едно кафе или пак си ја пуштил водата за да се излади? Јон не одговори, не можеше, а и не знаеше што да одговори! Сопругата ја затвори чешмата во кујната, се слушна ѕвонењето на телефонот. Аријаниса побрза и ја крена слушалката, ама ништо не рече, само му ја додаде на Јон.
– Тато, чичко Саимир е!
– Да, му рече Јон кратко на брат му. Саимир продолжи.
– Не сакав сношти да те вознемирам, ама Мајка е многу болна, нејзината состојба е мошне сериозна, лекарот ми рече…
– Знам!, рече кратко Јон.

ПреводМилан Дамјаноски
АвторРефет Абази
2019-04-16T10:23:46+00:00 март 30th, 2019|Categories: Проза, Литература, Блесок бр. 124|Tags: , |