врз крзното на глувците
се отсликува месечината
срцето бие неконтролирано
срцето бие по своја мерка
најсвоја и најсилна и најтопла
трчкаат глувците низ тесни
коридори, удираат со муцките
гребат со шепите, од телата
им отпаѓаат сребрени влакна
полни студена мудрост
како граната им прска срцето
се истура врз сите околни ѕидови:
слуз и решеност и трепет
истураат во својот вечен лавиринт
глувците со месечина во крзното
22.01.2014, 02:38