Мaкедонската книжевна критика за Горан Стефановски

/, Литература, Блесок бр. 123/Мaкедонската книжевна критика за Горан Стефановски

Мaкедонската книжевна критика за Горан Стефановски

Дисконтиниутетната македонска литература, која не ги поминува сите развојни фази карактеристични за западно-европските литератури, туку прави скоковити премини од еден во друг литературен период и во која литературните жанрови започнуваат да се стабилизираат дури по формирањето на македонска држава, сè до почетокот на минатиот век не бележи драмска и театарска продукција.

Дисконтиниутетната македонска литература, која не ги поминува сите развојни фази карактеристични за западно-европските литератури, туку прави скоковити премини од еден во друг литературен период и во која литературните жанрови започнуваат да се стабилизираат дури по формирањето на македонска држава, сè до почетокот на минатиот век не бележи драмска и театарска продукција.

Во поновите истории на македонската театрологија се тврди дека театарот како институција на македонска почва егзистиралживо уште во шестиот век п.н.е. (логичен факт бидејќи на територијата на Македонија постојат повеќе антички амфитеатри, каде сигурно се одигрувале драмски претстави), но за жал нема пронајдени писмени докази за драмска продукција од нашите антички предци.

Првпат во македонската литература, драми започнува да пишува Јордан Хаџи Константинов – Џинот во деветнаесеттиот век, но тие се без особена книжевна вредност.

Родоначалник на македонската драма е Војдан Чернодрински.- Тој на почетокот на дваесеттиот век ги удира темелите на македонската драматургија и театар. Врз неговото драмско дело, македонската драматургија и театрологија скромно се надградува по Првата светска војна, во тогашната Вардарска Македонија. Само ќе ги споменеме Панов, Крле и Иљоски, славната тријада која ја започнува етапата битова драма во периодот меѓу двете светски војни.

Македонската драмска продукција својот вистински интензитет го добива дури по Втората светска војна, по осамостојувањето на Република Македонија (во рамките на некогашната југословенска федерација). Како особено важно во развитокот на македонската драматургија се смета поставувањето на сцена на драмата „Вејка на ветрот“ од Коле Чашуле, драма која од современата теорија на литературата е означена како меѓник на две развојни фази на македонската драматургија, битовата и современата.

По Коле Чашуле и неговата „Вејка на ветрот“ (1957 год.) се напушта т.н. битовата фаза на македонската драматургија и се навлегуа во новите литературни правци, модернизам и пост¬модернизам. Македонски драматурзи, следејќи ги артистичките тенденции во Европа, започнуваат нова ера во македонската драмска литература.

Паралелно со драмската продукција во годините од 1945-1990 се следи и богата книжевно-критичка продукција, која со внимание ги проследува актуелните драмски објави.

Квантитативно богатата критика за драмата и театарот, многупати при оценувањето на еден драмски текст или претстава, ги меша поимите и терминологијата, па во драмата (како сценско дело) бара и други вредности освен литерарни. Поточно, голем дел од македонската критика патела од комплексите на тогашниот социјалистички систем и во уметничкото дело ги барала вредностите на тој систем или романтичарски препознавала љубов кон татковината, кон сопствениот народ и сл.

Тоа не значи дека тогашната критика е апсолутно погрешна и дека во неа не се детектирани литерарните вредности на драмските текстови, туку дека се мешаат контекстите и терминологиите и наместо термини од теоријата на литература, се користат термини од социологијата, филозофијата или антропологијата, а многу често и од психологијата.

АвторАлександра Димитрова
ПреводМилан Дамјаноски
2019-01-15T10:19:41+00:00 јануари 5th, 2019|Categories: Есеи, Литература, Блесок бр. 123|Tags: |