ПРЕПОРАКА ЗА ПРЕВОД: РОМАН СО БОЈА НА ШАФРАН

/, Литература, Блесок бр. 119/ПРЕПОРАКА ЗА ПРЕВОД: РОМАН СО БОЈА НА ШАФРАН

ПРЕПОРАКА ЗА ПРЕВОД: РОМАН СО БОЈА НА ШАФРАН

Препорака за превод: РОМАН СО БОЈА НА ШАФРАН


Но, Тило е она што секогаш ги држи „заедно“. Не хронолошки, туку крајно искршено, во моментот кога ќе успееме да ги фатиме конците на фабулата, сфаќаме дека и раскажувањето во прво лице престанало и пак сме препуштени на една екстензивна омнисцентност. Тило и Муса се сакаат, Наго и Биплаб ја сакаат Тило. Муса се жени со Арифа со која ја има Џебин, Арифа и Џебин настрадуваат, ги убиваат одеднаш. Муса повторно е со Тило, но бидејќи е кашмирец кој се бори за осамостојување на Кашмир од Индија, ја режира својата смрт за да го сочува животот на љубената Тило; таа реално присуствува на погребот на неговата измислена смрт и како негова немажена „вдовица“ се мажи за Наго по совет и во договор со Муса, заради безбедност и преживување. Долги години живее во брак со Наго и секако комуницира со Муса за кој сите мислат дека е мртов. Сѐ до моментот кога решава да изнајми стан и да го остави Наго. Станодавачот е Биплаб кој никогаш не престанал да ја сака и кој и претходно, во најтешките моменти за неа и за Муса, преку Наго, ѝ има издејствувано слобода… То ест – живот. Ова не е патетичен љубовен четириаголник, поврзувањето на логичкиот след на фабулава е вистинска читателска авантура.[5] Ноќта кога се раѓа бебето за кое се навестуваше уште во Анџум-делот на романот (бебето – расеано брашно), Тило е таа која го зема, додека Анџум и Хусеин се обидуваат да го сторат истото. Тило, од љубов кон Муса, на бебето му го дава името на неговата убиена ќерка – Џебин. Мис Џебин Втора. Надомест на ненадоместливото. По редица опасни ситуации и полициски сомнежи и закани, Тило заедно со бебето (преку Садам Хусеин) оди да живее кај Анџун на гробиштата и приказната најпосле се обединува. Трите мајки на новата Џебин на која ќе ѝ се остави целиот роман сосе иднината на армијата ликови се: нејзината биолошка мајка, малтерирана и силувана до смрт од шестмина војници (затоа Џебин има и 6 татковци), Тило и Анџун. Писмото од биолошката мајка е еден од најпотресните делови во романот во кој и онака тече премногу „крв“. Свесна за сево ова, авторката во неколку наврати во текстот се прашува „колку крв е доволно за добра книжевност“? Муса умира по вторпат вистински, Тило тагува по него растејќи ја својата, неговата, нивната,.. индиско-кашмирската ќерка со три мајки и шест татковци, „зашто пристигна мис Џебин, мис Удаја Џебин“ и „романот“ треба да замине. Мис Удаја Џебин е алтернација на романот. Живото лице на приказната чиешто пристигнување е заминување на сѐ претходно.

3.
Она што е неменливо во романот е општиот профил на стотината ликови. Сите до еден се „паѓачки ликови“ кои „всушност, не постојат“. Дефиницијата е дадена од самата авторка, затскриена во форма на обичен дијалог на запознавање помеѓу Анџун и Садам Хусеин, кога тој/таа му вели: „Еднаш кога ќе се стрмоглавиш од работ, како и сите ние (…) паѓањето не престанува. Додека паѓаш, ќе се држиш за други кои паѓаат. Колку побрзо го сфатиш тоа, толку подобро. Ова место каде што живееме, од коешто направивме дом за себе е место за паѓачки луѓе. Овде не постои (…), дури ни ние не сме стварни. Ние, всушност, не постоиме“.

Она што е менливо во романот, пак, е гласот на нарацијата. Всушност, ритамот нa дишењето на приказната. И кога се раскажува сезнајно, во трето лице, и кога се раскажува во прво лице, во јас форма (станодавачот Гарсон Хобарт), гласот се движи од сензуален или заканувачки шепот, преку природна или иницирана назалност, вродена или инфлуентна зарипнатост, сѐ до прешушкави, препискавии стружави тонови како некаков подмолен свиреж на зборовите, постојан визинг во белодробјето на приказната. Гласот на оваа нарација никогаш не е постојан; нејзиното дишење никогаш не е рамномерно. Секогаш има некаква дразба која го менува гласот од реченица во реченица; секогаш има некаква респираторна опструкција која го усложнува здивот на вистината. Едноставно не е можно да се навикнеме на гласот на раскажувањето и спокојно да си читаме; не е можно да фатиме ритам со дишењето на приказната и сложно да си да ја проследиме до крај. Можеби сево ова е пролонгиран стилски рефлекс (Рој е виртуоз за вакви наративни постапки), продолжено ехо на карактеризацијата на еден од главните ликови – Анџум, кој/која има два гласа „што се караат“. Карактеризациите на ликовите не само што се математички прецизни, туку најчесто и се проектираат низ нарацијата како препознатливи контури, силуети, сенки. Тоа што Анџум има два гласа, кои независно од него/неа му/ѝ излегуваат од грлото, како на некој посебен начин да ја овозможува постојаната (непредвидлива и неочекувана) промена и на гласот на нарацијата. Анџум има два гласа; нарацијата за тоа – многу повеќе. Како цел раскажувачки повеќегласен хор да го придружува де едниот, де другиот глас на Анџун во одделни солистички партии. Сенките на оваа нејзина онеобичена ликова карактеризација која се провлекува низ текстот, низ целиот роман, се издолжуваат, се кратат… зависно од тоа каде во моментот е поставено сонцето на раскажувачката намера на Арундати Рој.


5. Светската критика веќе надолго и нашироко „ја препозна“ Арундати Рој во Тило, како, впрочем, и во Аму, главниот женски лик од „Богот на малите нешта“, но автобиографичноста не ми е предмет на интерес. Рој е толку блиска со сите свои ликови, дури и еден од нив да е и самата таа, општата ликова блискост ниту би се нарушила, ниту би се поместила.

АвторОливера Ќорвезироска
ПреводКалина Малеска
2018-09-25T09:22:02+00:00 мај 12th, 2018|Categories: Критика, Литература, Блесок бр. 119|