Словенскиот ковчег

/, Блесок бр. 09, Театар/Филм/Словенскиот ковчег

Словенскиот ковчег


Сцена 1
Сцена 2
Сцена 3
Сцена 4
Сцена 5

(Седум години подоцна. Кафето на Кука. Ноќ. Надвор секање; прва пролетна грмотевица. Кука е сам зад шанкот. Свртен со грб кон влезната врата брише чаши и самовљубено се огледува во огледалото на ѕидот. Над вратата висат ѕвончиња во спирала кои со ѕвонење најавуваат отворање на вратата. Вратата се отвора. Влегува Кукла; гледа долго во ѕвончињата и се чуди. Наметнат е со гумен мантил. Во раката држи куфер што го спушта пред шанкот. Стои. Кука погледнува во огледалото и пребледува. Престанува да брише чаши. Долга пауза во која само ѕвончињата ѕингараат. Конечно, Кукла спушта паричка на шанкот.)
КУКА: (Без да се сврти.) Затворено е, господине.(Почнува да брише чаши.)
КУКЛА: Јас од затвор а вие затворени.
(Кукла си го зема куферот и тргнува полека да си оди.)

КУКА: Можеш после она да влезеш овде како дома?!
(Се врти. Трепери. Ја крева маицата и се покажува голема лузна на стомакот.)

КУКЛА: Сакав да ти кажам дека ми е жал.
(Кука сипува виски. Ја става чашата на шанкот. Ги зема паричките и ги става во џеб.)
КУКА: Испи ја и оди си, Кукла.
КУКЛА: Сакам да разговараме.
КУКА: Нема што да разговараме.
(Кука погледнува лево-десно, како да се плаши да не наиде некој.)
КУКЛА: Не сум баш популарен?
КУКА: (Изнудено.) Биди на полноќ на старо место, ќе разговараме.
(Кукла ја враќа чашата на шанкот. Го зема куферот и тргнува кон вратата. Кука повторно се свртува со грб и мие чаши. Кукла застанува и се врти. Сака нешто да праша, ама Кука го престигнува со одговорот.)
КУКА: Не барај ја. Не е тука.
(Кукла ниша со главата како да разбира.)
КУКА: Ја сакаш уште?
(Кукла молчи.)
КУКА: Ја плати седум години, имаш право да ја сакаш.
КУКЛА: Право да сакам?
(Кукла пак ниша со главата, како да се обидува да ги разбере зборовите на Кука. Тргнува да излезе, но подзастанува.)
КУКЛА: Сакам да знаеш дека ми е жал…
КУКА: Веќе кажа.
КУКЛА: … што те промашив. Да те погодев… ќе немаше право да ми кажеш… дека имам право да ја сакам.
(Излегува. Грмотевица. Кука останува вџашен. Ѕвончињата ѕингараат.)

2018-08-21T17:22:09+00:00 јуни 1st, 1999|Categories: Текст, Блесок бр. 09, Театар/Филм|