JAЗЛИ (Драма)

JAЗЛИ (Драма)

ЛЕЈЛА: (Го врти столот и го гледа отспротива, тој стои, таа е седната) Помисли… ако ја изебам шефицата, полесно ќе напредувам во кариерата, ќе можам да правам што сакам?!? Каде мислеше да го направиш тоа? Во некој хотел? Или треба да те поканам кај мене дома на сеанси за душевна вентилација? Или можеби мислеше дека и тука можеш да ја поебеш шефицата? Така? Тука е дури и подобро, бидејќи тука би ме имал постојано под власта на… (Раката му ја става меѓу нозе, Генти замрзнува) твоето оружје кое досега ти ги отворало сите патишта!

ГЕНТИ: Не…

ЛЕЈЛА: Јас можам да бидам во која било позиција, но пред сѐ, сум жена и жените имаат една слабост која типовите како тебе ја пополнуваат. Колку те плаќаат за твоите „жиголо“ услуги, или го правиш тоа од милост, бидејќи ги жалиш тие богатите крави… Ги жалиш бидејќи се богати но несреќни, имаат многу празнини во животот што ти им ги пополнуваш. (Генти се оддалечува и почнува да ги собира документите од подот.) Ти реков да не ги допираш тие!

ГЕНТИ: Сакав само…

ЛЕЈЛА: Така! Сакаше само „АПП“.

ГЕНТИ: „AПП“?

ЛЕЈЛА: Ако пројде, пројде!

ГЕНТИ: Ви се извинувам, не мислев така!

ЛЕЈЛА: А?!? Не го мислеше единственото нешто што ти е во главата, уште од првиот ден кога влезе во канцеларијава?!? И очекуваш да ти верувам?!? (Го вади телефонот и почнува да типка по бројчаникот). Треба да избришам некои броеви…

ГЕНТИ: Броеви…?

ЛЕЈЛА: Имиња…

ГЕНТИ: Немојте, ве молам! Ова беше само недоразбирање, јас не сакав да ве навредам. Јас имам голема почит за вас и за сѐ што сте постигнале и…

ЛЕЈЛА: И сакаше да ѝ се качиш на таа почит, за да ја запечатиш таман ко што треба! Те привлекувам навистина јас тебе како жена, или ти е тоа онака, како фискултура? Целта ги оправдува средствата, ако треба и со мртовци ќе го направам, само да стигнам каде што сакам. Добро, јас не сум како тие мртовци што си ги поминал, ова ми го кажале други, кои не го прават тоа само како фискултура. (Му го покажува телефонот.) Сега засега твојот број нема да го избришам, само имињата на оние…

ГЕНТИ: Имињата на тие што ги смениле броевите?

ЛЕЈЛА: Не! На тие што веќе не се живи. (Лејла излегува од канцеларијата. Генти почнува да ги собира документите. Премин на…)

 

 

АвторРефет Абази
2025-06-14T07:56:58+00:00 јуни 6th, 2025|Categories: Текст, Театар/Филм, Блесок бр. 156|