3.
(Канцеларијата… Генти само што завршил со уредувањето и седнува мислејќи дека средил сѐ. Зад него се појавува Лејла, таа се движи со тежок чекор и седнува покрај масата. Генти станува, се чини исплашен и не го тргнува погледот од неа. Лејла со едно движење ги фрла сите документи на подот. Генти се наведнува за да ги собере).
ЛЕЈЛА: Не допирај ги.
ГЕНТИ: Ви се допаѓа вака?
ЛЕЈЛА: Така се чувствувам.
ГЕНТИ: Вака?
ЛЕЈЛА: Токму така.
ГЕНТИ: Сум видел и полошо.
ЛЕЈЛА: Не, нема полошо!
ГЕНТИ: Да бев јас таму кај што сте вие, ништо не ќе можеше да ме вознемири. Верувам дека…
ЛЕЈЛА: Во што веруваш ти? Во оваа фотелја? Во оваа позиција…
ГЕНТИ: Во власт. Верувам во власт. Во овој свет луѓето се поделени на две групи, на водачи и на водени. Нема трета категорија.
ЛЕЈЛА: Ти кај се гледаш себеси?
ГЕНТИ: Сега засега, во втората група, но верувам дека многу наскоро ќе бидам… таму… во првата.
ЛЕЈЛА: И што би сакал ти да водиш?
ГЕНТИ: Ако зависеше од мене… хмм… многу, многу работи.
ЛЕЈЛА: Е па, од денеска научи се со оваа реалност. Ова е мојата реалност… реалноста на оние од првата категорија.
ГЕНТИ: Таму од кај што доаѓам јас, ова го викаме тра-ла-ла.
ЛЕЈЛА: А таму од кај што доаѓаш ти, како ја викаат жената која не може ни да се покае за своите грешки? Нема ни кому да побара прошка… зашто…
ГЕНТИ: Зашто…
ЛЕЈЛА: Затоа што… нив… тие од кои треба да побара прошка ги нема веќе… разбираш… не се…
(Се расплакува, се наведнува над масата.)
ГЕНТИ: Не се… така… ги нема веќе…? (Се приближува до неа, поминува покрај столот и ја фаќа за рамења.) Многу сте напната. Секој ваш мускул плаче за едно добро опуштање. Исцрпена од работа, ви треба повеќе опуштање и… Ќе се чувствувате подобро, повеќе ценета и…!
ЛЕЈЛА: И… што е тоа што ми недостасува мене?
ГЕНТИ: Ти треба добар вентил за да ја исфрлиш од себе сета таа негативна енергија што си ја акумулирала. А најдобар вентил е…
ЛЕЈЛА: Сексот?!
ГЕНТИ: Се разбира. Сексот освен што нуди задоволство… и лекува.
ЛЕЈЛА: (Му ги запира рацете што ѝ ги масираат рамењата.) Мислиш дека сум една од тие кравите што ти ги снабдуваш со секс? (Генти се сепнува, забележува дека отишол подалеку одошто е дозволено.)
ГЕНТИ: Не… само помислив…