2.
(…Спалната соба. Тој и таа само што завршиле со размена на телесните течности. Тој се врти задоволен како да чека комплимент. Таа се врти на спротивната страна и молчи, смирувајќи го дишењето.)
ЛЕА: Јас сѐ уште го сакам.
(Тишина.)
ГЕНТИ: Е па зошто сум јас тука тогаш, ако ти сѐ уште „го сакаш“?
ЛЕА: Зашто…
ГЕНТИ: Зашто… со него не… тој не те усреќува.
ЛЕА: Не…
ГЕНТИ: Да…
ЛЕА: Нееееее…
ГЕНТИ: Добро…
ЛЕА: Не е добро…
ГЕНТИ: Што не е добро?
ЛЕА: Ова што го направив јас не е добро…
ГЕНТИ: Ова што го направивме ние тука… тебе те направи среќна… и тоа не ти било добра работа…!?
ЛЕА: Не е.
ГЕНТИ: Не е? Е па, зошто тогаш го направивме ако не било добро?
ЛЕА: Затоа што…
ГЕНТИ: Затоа што…
ЛЕА: Не знам…
ГЕНТИ: Не знаеш… но пак го правиш…
ЛЕА: Да…
ГЕНТИ: (Станува од креветот внесувајќи ѝ се в лице.) Види… види… ова тука… е моето тело… и е убаво тело. Не дека јас го велам тоа, ми го рече ти… кога…
ЛЕА: Кога… што? Што? Кога се сексавме? Така ти реков зашто сакав секс со тебе…
ГЕНТИ: И ти се допадна… ако не си заборавила… Си заборавила?
ЛЕА: Да… не… не сум заборавила… но не сакам да се потсетувам…
ГЕНТИ: Нема потреба да копаш длабоко во твоето сеќавање. Врати се само десетина минути наназад и ќе се слушнеш себеси како ме молиш да свршам што побргу, зашто ти не можеш да издржиш повеќе. „Сврши… сврши… не можам веќе… да душо заврши што побргу… ох… ох… ох“… и јас… бам… бам… бам… и…
ЛЕА: Ти реков бидејќи не се чувствував добро… се чувствував виновна…
ГЕНТИ: Виновна…
ЛЕА: Се почувствував валкано, нечисто поради тоа што го правев и сакав да заврши што побргу…
ГЕНТИ : Еј, ти навистина имаш проблеми… (допирајќи ѝ ја главата со прст)… тука…
ЛЕА: (Се допира меѓу нозете.) A ти помисли дека имам проблеми тука… нели?