Тој: Имаш ли хефталка?
Таа: Имам.
Тој: Ќе ми ја дадеш?
Таа: Еве ти ја.
Тој: Фала.
Она: Па тој има своја хефталка. Вчера ја видов. Боже, ова е како во основно школо.
Тој: Еве повели.
Таа: Фала.
Тој: Молам.
Молчат. Работат.
Она: И што сега. Ќе молчиме, така?
Таа: Слушај.
Тој: Аха?
Таа: Позајми ми ја хефталката.
Тој: Еве ти ја.
Таа: Фала ти, имам своја.
Тој: Па тогаш што ме прашуваш?!
Таа: Ништо, ништо. (се смее)
Тој: Аха! Па, преѓеска не можев да ја најдам. Ама, еве, на ти ја мојата. Ја сакаш?
Таа: Фала ти. Како да си ми ја дал.
Он: Но не ѝ ја дадов, а би сакал, о колку сакам.
Таа: Молам?
Тој: Ништо, ништо.
Таа: Чуј, кажи ми, го разбра ли оној документ од вчера?
Тој: Кој?
Таа: Оној, од вчерашниот состанок.
Тој: Да.
Таа: Дај, објасни ми нешто.
Тој: Што?
Му приоѓа. Мртва ладна. Од страв. Да не забележи како ѝ чука срцето. Но, се разбира, тоа нема да ја спречи да му се доближи поблиску. Многу блиску. Непотребно блиску.
Таа: Еве, гледај овде на оваа страница вели едно, а овде друго.
Тој: Каде?
Таа: Еве овде. Гледај, овде вели ова, а онде сосема друго.
Тој: Аха.
Таа: Што аха?
Тој: Ама тоа воопшто не се однесува на истата работа.
Таа: Аха.
Тој: Гледаш…
Она: Гледам, те гледам. А ти, ме гледаш ли ти мене? Се оддалечува. Да не сум премногу блиску? Можеби сум испотена па баздам. Подобро да се оддалечам.
Он: Зошто се оддалечува? Којзнае, да не ми смрди здивот.
Тој: Имаш мастика?
Таа: Не, сори.
Тој: Ок. Глеј, на мејл ќе ти испратам референца од која сè ќе видиш.
Таа: Аха. ОК. Тенкс.
Она: Како ме откачи. Само за да се оддалечам. Да му се сневиди.
Он: Мора да купам мастики.
Она: Здодевно ми е. А кога ми е здодевно се палам. Тоа почнува тука некаде, на тилот, па како нежно да патува по ‘рбетот, полека напредува, па незапирливо додека не дојде до дното. До изворот. И тогаш ништо веќе не е битно – само – дали ме гледа. Ме гледа ли сега? Ако погледнам и видам дека ме гледа, значи дека го имам.
Не ме гледа.
Срање.