Трамонтана

Трамонтана

Морето е пурпурно кај Пиреа
8 септември 1994
На Ацедија
Лични карти (фрагмент)
Причина
Кога веќе не можам да им избегам на своите зборови
Во паркот, еден човек јаде јаболко
Кога одам кон морето

Кога одам кон морето
можам да одам по две патеки

– два краја на една линија
таа ги следи зборовите со показалецот

двата прста и палецот се тријат
кога одам кон морето

купчето во дланката
прстите требат зрна
го солат месото што загорува

Морам да го држам в рака
ако е од тегла
не го чувствувам

таа покажува како што чита
го боцка местото

кога одам кон морето
можам да одам по две патеки
прстите ми се тријат

го сеам морето.

АвторЕрик Линднер
2018-08-21T17:20:50+00:00 февруари 23rd, 2013|Categories: Поезија, Блесок бр. 88|