Мека и обла како топка
цела зафатена од страст
(како растение од повит)
се виеше
околу корави машки тела
Нагонот ѝ влегуваше длабоко во утробата
При создавањето на светот
боговите ја одредија Пенелопа
за постојано потулено жарче
жедта да ја угасува со жед
Што стори, црн Одисеј?
Зошто почна да го ораш морето?