Поeзија – Телос Филис

/, Литература, Блесок бр. 153/Поeзија – Телос Филис

Поeзија – Телос Филис

Портокалова боја
Еден од оние
Радоста е знаење
Молчалив
Малата куќичка
Грчкиот начин
Ти викам
Фашизмот не е збор
40°C
Август


Малата куќичка

Мојата соба нема под,
само небо
и ластовички преселници, мои заминати пријатели,
има музика за да бројам во времето
и парче море за да пливам во лето

Мојата соба нема врата,
сите се добредојдени,
насмевката ја вклучив наместо светилка
за да видам кога ќе ме посети љубовта

И на огледалото во мојата соба имам скриена
мала сребрена молња за секогаш кога ќе си го видам лицето
да се сетам
на оние што спијат по полињата
или под мостовите
или зад бодликава жица
на границата
или во редиците за храна

АвторТелос Филис
2024-05-12T11:54:11+00:00 мај 12th, 2024|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 153|