Поeзија – Телос Филис

/, Литература, Блесок бр. 153/Поeзија – Телос Филис

Поeзија – Телос Филис

Портокалова боја
Еден од оние
Радоста е знаење
Молчалив
Малата куќичка
Грчкиот начин
Ти викам
Фашизмот не е збор
40°C
Август


Август

Во август ја менувам љубовта
носам истуткана маица
со траги од пот под пазувите

па се движам меѓу чувства
на температура на вриење
во празни градови
никого нема на бреговите
талкам по асфалтот

Секогаш кога ќе изгорам
го вадам меморискиот крем за сончање од ранецот
и кинам по еден збор од книгата

денес на зајдисонце го скинав зборот „издржи“

Арогантно го фрлив во корпата за рециклирање и се препуштив на издржливост

 

Превод од грчки: Сотирис Минас

 

АвторТелос Филис
2024-05-12T11:54:11+00:00 мај 12th, 2024|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 153|