Поезија – Јосип Ости

/, Литература, Блесок бр. 138 - 139/Поезија – Јосип Ости

Поезија – Јосип Ости

Во џебот сè уште го носам клучот од некогашниот дом
После војната градиме куќа
Сонцето насекаде и сите подеднакво ги грее
Со ’рѓосан бајонет од Првата светска војна
Дојди, љубов, брзо во градината
Не знам, кога ќе ослепам
Кога и да се сретнеме, долго се гледаме
Најчесто разговарам со мртвите
Сиот живот се збогувам со животот


Кога и да се сретнеме, долго се гледаме

Кога и да се сретнеме, долго се гледаме. … Кога
неочекувано ќе се сретнеме на патот што води низ шумата
или лозјето, а и кога во градината низ тревата,
полна со цветови на лутиче, слични на ѕвезди,
ми се приближува гола. Со меки движења. Потполно нечујно,
како да оди на прсти. Во нејзините убави очи,
од кои допира студенилото на најдлабокиот бунар, секој пат
ги гледам своите очи и во нив сонцето што жеже. Не знам
ја чувствува ли и таа мојата голема желба, како јас нејзината,
барем еднаш страсно да се бакнеме. … Кога и да се
сретнеме, долго се гледаме. … Така завршува секоја
моја средба со змијата.

АвторЈосип Ости
2021-08-17T20:57:21+00:00 август 15th, 2021|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 138 - 139|