Поезија – Јосип Ости

/, Литература, Блесок бр. 138 - 139/Поезија – Јосип Ости

Поезија – Јосип Ости

Во џебот сè уште го носам клучот од некогашниот дом
После војната градиме куќа
Сонцето насекаде и сите подеднакво ги грее
Со ’рѓосан бајонет од Првата светска војна
Дојди, љубов, брзо во градината
Не знам, кога ќе ослепам
Кога и да се сретнеме, долго се гледаме
Најчесто разговарам со мртвите
Сиот живот се збогувам со животот


Дојди, љубов, брзо во градината

Дојди, љубов, брзо во градината. … Пред сенката
на облаците да ѝ го смени изгледот. Пред да исчезне раскошот
на процутеното цвеќе и плодовите што дозреваат,
кои ги садев и негував за тебе. … Сончогледот ќе
ја сведне главата и, како ние двајца после долго
гледање еден во друг молчешкум, попусто очекувајќи
одговор на непоставеното прашање, слеп ќе се
загледа во себе. Ќе потемни сјајот на сребреникот
на маслината, и во твоите, моите и мачјите очи нема
да отсјајува златното сонце. … Дојди, љубов, брзо во
градината. … Пред сенката на облаците да ѝ го смени
изгледот. … Зашто потоа во неа и во нашиот живот веќе
ништо нема да биде како што било.

АвторЈосип Ости
2021-08-17T20:57:21+00:00 август 15th, 2021|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 138 - 139|