Поезија: Четири грчки поети

/, Литература, Блесок бр. 157/Поезија: Четири грчки поети

Поезија: Четири грчки поети

МАРИЈА ПОЛИДУРИ

Покрај тебе
Само затоа што ме љубеше
Сите нешта се убави
Твоите зборови
Денес малку пред светлината…

ТАСОС ЛИВАДИТИС

Те чекам насекаде
Симфонија бр. 1 (извадок)
Временска линија

КАТЕРИНА ГОГУ

Ќе дојде време
На оние што се скршени, на оние што издржуваат

ТОЛИС НИКИФОРУ

Автобиографија I
Биди добар
Едно дете
Долг
Зошто светлината


КАТЕРИНА ГОГУ

Ќе дојде време

Ќе дојде време кога сè ќе се смени. Запомни го ова, Марија.
Се сеќаваш ли, Марија, на тивките паузи, на онаa игра кога трчавме со штафетата –
не гледај ме мене – не плачи. Ти си надежта.
Слушај: ќе дојде време
кога децата ќе ги избираат своите родители, нема повеќе да се раѓаат по случајност.
Нема повеќе затворени врати
со наведнати и скриени тела однадвор.

Ќе ја избираме својата работа,
нема да бидеме коњи на кои им ги бројат забите. Луѓето – замисли! – ќе зборуваат во бои,
а некои – со звуци.

Само чувај
во едно високо шише со вода зборови и поими како овие:
неприспособеност – угнетување – осаменост – чест – добивка – понижување, за часовите по историја.
Марија, деновите се тешки, а уште потешки ќе дојдат.
Не знам – не очекувај многу од мене –
сè што сум доживеала, сè што сум научила, сè што кажувам, но од сè што сум прочитала, една вистина ми е блиска:
„Најважно е да останеш човек“.

Ќе си ги промениме животите! И покрај сè, Марија.

АвторМарија Полидури
АвторТасос Ливадитис
АвторКатерина Гогу
АвторТолис Никифору
ПреводСотирис Минас
2025-10-25T09:41:30+00:00 октомври 15th, 2025|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 157|