Поезија: Четири грчки поети

/, Литература, Блесок бр. 157/Поезија: Четири грчки поети

Поезија: Четири грчки поети

МАРИЈА ПОЛИДУРИ

Покрај тебе
Само затоа што ме љубеше
Сите нешта се убави
Твоите зборови
Денес малку пред светлината…

ТАСОС ЛИВАДИТИС

Те чекам насекаде
Симфонија бр. 1 (извадок)
Временска линија

КАТЕРИНА ГОГУ

Ќе дојде време
На оние што се скршени, на оние што издржуваат

ТОЛИС НИКИФОРУ

Автобиографија I
Биди добар
Едно дете
Долг
Зошто светлината


ТАСОС ЛИВАДИТИС

Те чекам насекаде

И ако некогаш
дојде моментот да се разделиме, љубов моја,
не губи ја храброста.

Најголема доблест на човекот е да има срце,
но уште поголема е да знае кога да го остави настрана.

Утре нашата љубов ќе ја читаат децата во учебниците, покрај имињата на ѕвездите
и должностите на верниците.

И доколку ми беше дадена цела вечност без тебе, ќе изберев еден единствен миг покрај тебе.
Засекогаш ќе ги паметам твоите очи — огнени, бесконечни,
две ноќи љубов среде граѓанската војна.

Ах! Заборавив да ти кажам —
житните полиња се златни и бескрајни, затоа што те сакам.
Заклучи ја куќата.
Дај ѝ го клучот на сосетката. И тргни напред.
На местото каде семејствата делат еден леб на осум, каде долгата сенка на убиените се спушта врз земјата,
каде било на земјата, во кое било време,
каде луѓето се борат и умираат за еден нов свет –

Таму, љубов моја, ќе те чекам.

АвторМарија Полидури
АвторТасос Ливадитис
АвторКатерина Гогу
АвторТолис Никифору
ПреводСотирис Минас
2025-10-25T09:41:30+00:00 октомври 15th, 2025|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 157|