Денес малку пред светлината…
Денес, малку пред светлината да го исполни небото,
оддалеку чув камбани како одѕвонуваат во градот.
Камбани… зошто ги забележав? Како да сееја омраза,
последните сенки полека и жално се придвижуваа.
Каде ја бев оставила својата слатка, детинска душа,
во кое време, со каков звук на камбана испреплетена?
Во кое време… и денес за да ги кажам моите молитви
паднав на колена во тага.
Молитва за убавината, за заборавената мајка,
за незнаењето, за насмевката, за гласот на сонот,
слушајќи ги со скршено срце денешните камбани
кои тажно навестуваа прерана смрт.