Твоите зборови
Сега се сеќавам… Се сети на поплавите што ме давеа,
на ветерот, на мракот.
Зборовите што ги корнеше како цветови, но кои сега отвораат
лути рани длабоко во мене.
Ниту сенка, ниту сон, што ита
толку бргу кон пропаста.
Љубовта е чад. Твоите зборови, облак што ме прска
со капки тага.
Сега моите први рани гнојат внатре во мене.
Споменот на бакнежот
предавнички тајно ми се потсмева во некои мигови,
а мојот очај расте!