Сите нешта се убави
Сите нешта се убави –
сите нешта се љубов и љубовен копнеж
што им ги овенува ливчињата.
Тие се толку убави додека умираат,
толку кобно
и тивко.
Благословена сум.
Во моето цутење носам венец
што венее.
Благословена сум. Зошто ми ја дадоа
и ми ја одзедоа
радоста?
Бидејќи умирам.
станувам убава, станувам љубов
која ја посакуваат.
И постојано умирам. Цвеќињата околу мене
се множат
и овенуваат!
Дури и болката е радост.
На клепката ми сјае солза
од скршеното срце.
Дури и болката е радост,
достојна да биде
трон на мислата…
Имам пламен
и покрај тебе твоето срце, во тивка молба,
го бара тоа од мене.
Имам пламен и тој не ми припаѓа.
– Благословена е судбината,
не ме измамила.
Ова е судбина
она што ме прави убава е пламенот
на искупувањето.
Ова е мојата судбина – не допирај ме.
Носам мирта
од разделбата!
Сите нешта се убави –
сите нешта се љубов и љубовен копнеж
што им ги овенува ливчињата.
Тие се толку убави додека умираат
толку кобно
и тивко.