Поезија: Четири грчки поети

/, Литература, Блесок бр. 157/Поезија: Четири грчки поети

Поезија: Четири грчки поети

МАРИЈА ПОЛИДУРИ

Покрај тебе
Само затоа што ме љубеше
Сите нешта се убави
Твоите зборови
Денес малку пред светлината…

ТАСОС ЛИВАДИТИС

Те чекам насекаде
Симфонија бр. 1 (извадок)
Временска линија

КАТЕРИНА ГОГУ

Ќе дојде време
На оние што се скршени, на оние што издржуваат

ТОЛИС НИКИФОРУ

Автобиографија I
Биди добар
Едно дете
Долг
Зошто светлината


 Само затоа што ме љубеше

Пеам само затоа што ме љубеше

изминатите години.

И на сонце, во претчувството на летото

и на дожд и на снег,

пеам само затоа што ме љубеше.

 

Само затоа што ме држеше на раце

една ноќ и ми ги бакна усните,

само поради тоа што сум убава како лилјан што распукнува

и што сѐ уште имам трепет во душата

само затоа што ме држеше на раце.

 

Само затоа што твоите очи ме погледнаа

со душа во погледот,

гордо се накитив со врвната

круна на своето постоење,

само затоа што твоите очи ме погледнаа.

 

Само затоа што ме направи горда додека минував

а во твојот поглед како што поминуваше

ја видов мојата вита сенка, како сон

разиграна, повредена,

само затоа што ме направи горда додека поминував.

 

Затоа што срамежливо ме повика

и ги подаде своите раце кон мене

а очите ти беа замаглени

– една полна љубов,

затоа што срамежливо ме повика.

 

Затоа што, само затоа што тебе ти се допадна

затоа остана убаво моето поминување.

Како да ме следеше каде што одев,

како да поминуваше и ти некаде таму, љубов моја.

 

Затоа што, само затоа што тебе ти се допадна

 

Само затоа што ме љубеше, се родив,

затоа ми е даден животот.

Во неблагодарниот, неисполнет живот

само мојот живот беше исполнет.

Само затоа што ме љубеше, се родив.

 

Само поради твојата посебна љубов

зората ми даде роза во рацете.

За да ја осветлам за момент твојата патека

ноќта ми ги исполни очите со ѕвезди,

само поради твојата посебна љубов.

 

Само затоа што толку убаво ме љубеше

живеев, за да ги остварам

твоите соништа, убавецу што царуваше

и така слатко умирам,

само затоа што толку убаво ме љубеше.

АвторМарија Полидури
АвторТасос Ливадитис
АвторКатерина Гогу
АвторТолис Никифору
ПреводСотирис Минас
2025-10-25T09:41:30+00:00 октомври 15th, 2025|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 157|