Зошто светлината
Ja славам светлината
за да ја изгонам темнината,
зашто зад црвеното
и темносиното
тече река на тага.
Ја славам светлината
како милување на детето
кое сѐ уште се надева во мене,
како некое избавување
од моите многубројни рани.
Ја славам светлината
зашто сум создаден од длабочината
што го изгуби небото
и го бара
и го повикува во очај.
Ја славам светлината
зашто светлината извира во мене,
зашто немам друга татковина.
Превод од грчки: Сотирис Минас