Поезија: Четири грчки поети

/, Литература, Блесок бр. 157/Поезија: Четири грчки поети

Поезија: Четири грчки поети

МАРИЈА ПОЛИДУРИ

Покрај тебе
Само затоа што ме љубеше
Сите нешта се убави
Твоите зборови
Денес малку пред светлината…

ТАСОС ЛИВАДИТИС

Те чекам насекаде
Симфонија бр. 1 (извадок)
Временска линија

КАТЕРИНА ГОГУ

Ќе дојде време
На оние што се скршени, на оние што издржуваат

ТОЛИС НИКИФОРУ

Автобиографија I
Биди добар
Едно дете
Долг
Зошто светлината


Едно дете

Со лицето притиснато на стаклото
гледам со восхит
низ капките дожд
во еден свет преполн со бои.
Внатре во мене се крие едно дете
со џебови полни со џамлии,
среде зима –
едно дете со насолзени очи
за мачето што пцовиса,
за цветот што свена,
за оние што заминаа, никогаш да не се вратат.
Внатре во мене се крие едно дете
во ветво палто,
кое копнее за топли костени,
за соседството и пријателите
и за пролетта што ќе дојде.
Внатре во мене се крие едно дете
коe не прифаќа
дека можам да се смеам
додека некој друг плаче.
Внатре во мене се крие едно дете
неутешно,
коe стреми да го обликува животот
според мерките на своето срце.

АвторМарија Полидури
АвторТасос Ливадитис
АвторКатерина Гогу
АвторТолис Никифору
ПреводСотирис Минас
2025-10-25T09:41:30+00:00 октомври 15th, 2025|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 157|