ТОЛИС НИКИФОРУ
Автобиографија I
Го држам човештвото на раце,
ги распрснувам моите скршени прсти и му ја галам косата,
му пишувам бајки, му шепотам песни
и го бакнувам нежно по очите
како да е мало, топло дете,
исплашено од кошмари по спиењето.
Како да е мое сопствено дете,
како да се сите деца на светот
кои заслужуваат секојдневно чудо,
како камче што блеска со илјада бои
во проѕирни води,
живеејќи во лаги и смрт.
Го држам човештвото на раце
за да го стоплам, за да се стоплам и јас
и му зборувам за да слушнам
жив глас – и плачам.