МАРИЈА ПОЛИДУРИ
Покрај тебе
Покрај тебе ветровите не дуваат диво.
Покрај тебе е мир и светлина.
Во нашиот ум ветерот со златни решетки
ја обвиткува розовата мисла
Покрај тебе тишината личи на смеа
што се одразува во нежните очи
и кога понекогаш зборуваме, се распламтува
некаде покрај нас, притаена радост.
Покрај тебе тагата цути како цвет
и незабележливо поминува низ животот.
Покрај тебе сè е слатко и сѐе како кадифе,
како галеж, како свежина, како здив.