МАЛИОТ ЧОВЕК
на Б. К.
Твојот стил
на пишување
мирис на смил
и вдишување
на таа етерија
од рими
те вознесе
и те смести
во(н)
млечниот пат на речта.
Беше сам
а како колонија
ѓупски печурки
благ и цврст
со стерна во челото
со фурка везилка
најтенкото предиво
на здивен волк
го ткаеше
и траеше (траеше)
неповторливо
и стутулено и смилосано.
Твоите молитви
ме вознемирија
твојот немир
го одбрав за молитва.
Влегувам во тие слики
сублимати и разлики
јас давеник што го слави
поројот на тие зборој.
Учителе тивок
пожар си и стожер
мал мрав си
и врав си.
Ти се падна
да ја дариш
силата на Марко Крале
Господ што ја зема.