НА ЏЕК
на М. Р.
На џек
срцесек
Даниелс
буквопек
важно џек
голем џек
ко железо мек
мало дете
чело челик
мисла искра
ко бор велик
три Франциска
и три Лондона
ги менува
без да трепне
за две брези
во Нерези
од кадешто
поглед пука
Мишо пука
ко сачмарка
од буквите
засолн нема
а го гледаш мирен
телото се внело цело
в најмолитвен дах.
Така фрска
прави врска
меѓу двата брега
другите да бегаат
од себе
за СЕБЕ
таму негде
да се најдат.