ЧЕНГЕЛИ
Ти гостинка на вечера
јас вечера на гозбата
Моите очи дур се крстиш
пасиште по кое брстиш
Мојта радост – вода бистра
и солзите ко монистра
твој се зачин за вкус prima
Тогаш мојта луда рима
што воопшто не ти значи
те испраќа во Карачи
а ти велиш: „само плачи
твоите вина мој се начин“
Ми ги мамиш сите тајни
и те слушам: „само дај ни
приказна што ќе се голта
зашеќери ја со солта
и немој да мрсиш многу
зашто не си цар ни шогун“
Ми ја крадеш
сета надеж
притисокот расте крвен
но јас сепак стојам здрвен
Мајко света сите финти
Господови и на Син ти
преку неа ми ги праќаш
Дал ми плаќаш Ил сум должник
Мојто срце жива видра
ченгели од меки сидра
го распнаа