ПУСТИНА
Кога насобра тежина, садот на мојата душа почна
да напукнува. Не да претекува. Душата ги примаше
тежините и беше добра за нив. Но низ нејзините
пукнатини, капки катран почнаа да прокапуваат.
Кај капне – таму пустина.
Ѕвезди, заискрете, заварете ги пукнатините по
страниците и дното на мојата конечна душа.
Да не бесконечно пустини прокапува.