ОДА(М)
Одам по ода
за Јазикот
да ја откријам
да ја донесам
да ја запишам.
Не одам по вода
но речта е лаѓа
и пловиме тивко
брановно и бесно
за чисто уживање…
Се гаѓаме се ловиме
глаголиме и словиме
се бркаме се криеме
и никнеме и риеме
синевина сончевина
и во таа игра-чигра –
вртимушка,
трепетлика шушка.
На мазните свиоци
поставувам примки…
а Тој мами со длабини
ум се мати,
зашеметен,
во преграб му паѓам.
Реков лаѓа
подморница
понорница
и ломница река
жубори и збори
и сплискува,
ко пороен дожд.
Сите букви
распрскани…