РАЃАЊЕ
Се извиши мојот кедар
јас од ведар
се натуштив густо
Кората му набабри од сокој
јас од спокој
се распукав
сѐ до сува греда
Од коледар
говедар
без стадо
сешто дадов
за два кедра млади
Врз моите дрвја
црвја
не се јазат
лазат
само
по нервите мои
Кедра раснат
а јас спласнав
спремен да се вселам
во моето ново тело