ГРАДИТЕЛ
(брусење)
Ја разбирам твојата
градителска треска,
вулканскиот порив
и ѕверот кој вреска
во свеста што гори.
Но кажи ми Сократе
кој изградил цврсто
и што градбата в тебе гради брате
дур на вратот тежи крстот?
Од најжежок челик
се делкаме себе;
кој колку е велик,
извишен до небе,
деланките зборат,
ако купот пепел, пласт,
кога тие горат,
нѐ затскрива нас.
Љубовта е оган, пожар,
врз пепелта цути божур.