Поезија Милан Шељ – Војната е поинаква кога има човечки лик

/, Литература, Блесок бр. 154/Поезија Милан Шељ – Војната е поинаква кога има човечки лик

Поезија Милан Шељ – Војната е поинаква кога има човечки лик

Лондон, 12 март 2022

 

Жени на екранот. Насекаде жени и деца.
Мајки, баби, ќерки, внуки, девојки.

Деведесет и двегодишна баба
полуиспружена на каучот во кујничката во Харкив.
Вратата на фрижидерот пред неа е ширум отворена.
Скршено прозорско стакло на подот измешано со храна
што испопаѓала од фиоките и полиците
при експлозијата во дворот. Раскажува како гладувала
како дете за време на Големата војна во Ленинград.

А сега сето ова…

Постара жена од Мариупол самотно талка
со пластична ќеса в рака, изгубена на автопатот.
Снегулките ја боцкаат во скаменетите образи.
Очигледно не знае ни каде е ни каде оди.

АвторМилан Шељ
2024-11-12T18:59:34+00:00 ноември 1st, 2024|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 154|