Поезија Милан Шељ – Војната е поинаква кога има човечки лик

/, Литература, Блесок бр. 154/Поезија Милан Шељ – Војната е поинаква кога има човечки лик

Поезија Милан Шељ – Војната е поинаква кога има човечки лик

Косматице, 21 март 2022

 

По појадокот одиме на прошетка низ лозјата,

низ карсните полјани. Со бабата брбориме на италијански,

со Маја на англиски. Полина одговара

на руски и украински.

 

Дома Арсениј ми го покажува малиот речник

со англиски зборови што сам ги испишал.

Полека ги изговараме зборовите

и од француски, за да не ги заборави.

 

La Fête! воскликнува и скока на столот.

Му текнува за значењето што буди нешто во него

и ме гледа. Не го разбирам, па ми кажува

што прочитал, а баба му го кара

да одговара на украински, а не на руски.

 

На терасата ги изложуваме на сонце вцрвенетите лица.

Весна, вели Татјана и замижува.

Примавера? ја прашувам и таа ми кимнува.

 

Се смееме и како деца аплаудираме секојпат

кога зборот на украински е сличен на словенечки.

 

Полина свикува и отскокнува.

Миг потоа хистерично се кикотиме

кога Арсениј згазнува на дебелата врвка

што ја фрлил пред неа на земја.

 

Ја зема и половина од кривулестата змија

ја мота околу прстот, а со другата мава

во воздухот плашејќи ја.

 

Бабата го прободува со поглед

што е дар на нејзината љубов

и ме убедува дека е фурбо.

 

А тој ме гледа под веѓи

и првпат се смее како разиграно дете.

 

Препев од словенечки: Лидија Димковска

АвторМилан Шељ
2024-11-12T18:59:34+00:00 ноември 1st, 2024|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 154|