Лондон, 15 март 2022
Жени. Насекаде жени и деца.
Мажи. Насекаде деца и мажи.
Едни со децата заминуваат на запад,
други се враќаат сами на исток.
Секоја и секој во свој правец.
Сите на пат во непознато.
Не познавам никого од снимките
но го препознавам секој пар очи,
раката врз стаклото, преплашената мачка,
испаниченото кутре и излитеното мече
што детето не го испушта од раце.