Поезија Милан Шељ – Војната е поинаква кога има човечки лик

/, Литература, Блесок бр. 154/Поезија Милан Шељ – Војната е поинаква кога има човечки лик

Поезија Милан Шељ – Војната е поинаква кога има човечки лик

Лондон, 14 март 2022

 

Мажи на екранот. Насекаде мажи и деца.

Татковци, дедовци, синови, внуци, љубовници.

 

На граничните премини и на железничките станици.

Една машка рака ја милува детската низ прозорецот на возот

што полека се придвижува. Момчето се оттргнува

од прегратката за подолго збогување.

 

Постар маж, пензионер во униформа.

Пред камерата кружи без престан повторувајќи:

Тешко е, тешко, и избива во плач.

АвторМилан Шељ
2024-11-12T18:59:34+00:00 ноември 1st, 2024|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 154|