ЛЕКСИКОНИ ОД ДЕТСТВОТО
Во индиските храмови спијат мускетари.
На иста страница се пирани и пирамиди.
Вулканите исфрлаат мумии и римски пари.
По небото летаат детски летала, дирижабли и болиди.
Сѐ е поврзано: Папуанци и папаи.
Ананаси и лубеници се браќа и сестри.
Опколениот Цариград го бранат самураи.
Во Рим што гори свират кинески оркестри.
Полни тигри и кловнови тонат пароброди.
Една пеперуга има крилја како знаме на Мексико.
На станица, според возниот ред, пристигаат октоподи.
Заспивам листајќи еден стар лексикон