Го мирисавме чадот во меаните, зјапавме
Во огништата, небаре сè трае
И ништо не подлегнало на мена. Зборовите
Неизречени, потиснати, оставени кај дините,
На плажите. Можеби, ми велиш,
Има патувања на кои човек би пошол сам, кога
Би живеел без време и без повтеж. Но кај
И да ме водел патот, бродовите пристигаа, а јас
Го барав твојот лик во секој пристан.
Хоризонтите се сал перспектива, секогаш
Во различно светло. Гласот ти е сув, ми велиш.
Дојди ваму и усните доближи ги до чаша или стих.