Пораката на гласот секогаш
се ведне врз оградата на гласот
Бара потпора во ушите
на сменетиот век
Потсмешливо сувите алги
На чело од морската пена
Што носи сè што нашла
на брегот, потсмешлива
Оваа катафалка на примална тага
оваа отворена рана што плимите ја корнат:
Што гледаш во ветрот, го трошиш со времето.