Во оваа цврста почва, мек камен на добите,
каде есента веќе не е случајна.
Белото ленено платно чиниш
постојано се спушта врз лицето,
огледалата од сенки
катадневно стануваат постудени.
Сè дури таа не седне:
дури не го направи видливо
напишаното,
и не ги допре до него меките усни.
Твојот ôд низ вечерта, ѝ вели
Начинот на кој не ти е гајле за денот,
ме уништува.
Ја буди штуката на мојот јазик
и амебата на твоите усни.
Сè околу мене е голо во борба со смртта.
Без ни трошка срам,
во овој негатив од време.