ти доаѓам. безобразно ти се пикам
во секоја пора: ти доаѓам врз поток
од вино, на облаци од лаванда. ти
доаѓам намирисан од љубов и копнежи.
тивко наближувам, скришно те душкам,
бучно се уривам врз тебе: зрак сонце
пропуштен и истанчен низ сите лупи
и стакла и огледала. горам сè попатно,
не мислам на ништо додека во поплава
и жар итам кон тебе. јурам како природна
непогода, шибам како разулавен ветар
кој усните ти ги бара. па ги отвора. влегувам
низ твоите очи, ти влегувам низ носниците;
полн мириси и неспокој, полн мир и светлини.
дробни трошки од вечноста. во нас е. ти си.
од збирката поезија “Дека дa”
СТАВИ МЕ ВО КУТИЈАТА СО СЕШТО
ТВОЈОТ МИРИС ОСТАНУВА И ОТКАКО ЌЕ ЗАМИНЕШ
ПИСМА ПОЛНИ ТИШИНА (додека спиеш)
ПИСМО. ЗА ТЕБЕ
ПИШУВАЊЕ
ЌЕ СПИЈАМ (сакам што ноќта е жена)
ДВЕ РАБОТИ, ДВАПАТИ (кога се будиш)
НЕ СУМ ТИ РЕКОЛ, МИ СЕ ЧИНИ…
КОПНЕЖОТ ГО ЗГОЛЕМУВА СТИСОКОТ
ТВОЈОТ МИРИС ОСТАНУВА И ОТКАКО ЌЕ ЗАМИНЕШ
ПИСМА ПОЛНИ ТИШИНА (додека спиеш)
ПИСМО. ЗА ТЕБЕ
ПИШУВАЊЕ
ЌЕ СПИЈАМ (сакам што ноќта е жена)
ДВЕ РАБОТИ, ДВАПАТИ (кога се будиш)
НЕ СУМ ТИ РЕКОЛ, МИ СЕ ЧИНИ…
КОПНЕЖОТ ГО ЗГОЛЕМУВА СТИСОКОТ